- Advertisement -
Во Бразил во последните три месеци умреле 500 милиони пчели. Како што наведуваат медиумите, само во државата Рио Гранде до Сул биле пронајдени околу 400 милиони мртви пчели.
Научниците сметаат дека до масовниот помор дошло поради наглата употреба на пестициди, за кои е докажано дека се штетни за околината.
- Advertisement -
До поморот дошло затоа што земјоделците користеле пестициди кои се забранети во Европа, а во себе содржат материи како неоникотиноид и фипронил.
Според податоците на Greenpeace, во Бразил во последно време се зголемила употребата на пестициди, а само во последните три години се регистрирани 193 производи кои содржат хемикалии забранети во Европската унија.
- Advertisement -