Глобалните температури во 2018 година биле четврти највисоки во историјата

- Advertisement -

Глобалните температури во 2018 година биле четврти највисоки во историјата, потврдија научниците и додадоа дека изминатите пет години се највисоките температури откако се врши мерење. Температурите во 2018 година на глобално ниво биле повисоки за 1,83 степени Целзиусови отколку температурите измерени од 1951 и 1980 година, соопштија од НАСА и од американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Тоа е последица на климатските промени кои се предизвикани од човењкот, а поради кои доаѓа до неподносливи топлински бранови, пораст на нивоата на морињата и екстремни временски услови. Така, минатата година бевме сведоци на многу разорни урагани на источниот брег на САД и огромни пожари во Калифорнија .

- Advertisement -

Во Индија имаше катастрофални поплави, на Филипините огромни тајфуни, а во Грција и во Шведска до смртоносни пожари. Истовремено, температурите на Арктикот ги вчудовидоа научниците.  Светската метеоролошка организација денес објави дека 2018 година е четврта најтопла во историјата, а најтопла беше 2016 година поради глобалниот атмосферско-океански феномен Ел Нињо, кој загрева делови од Тихиот Океан и влијае на временските прилики во целиот свет.

Намалувањето на емисијата на стакленички гасови и мерките за прилагодување на климатските промени треба да бидат приоритет во целиот свет, порачуваат од Светската метеоролошка организација. Доколку сакаат да ги избегнат најлошите последици од климатските промени, владите мора да се соочат со брони предизвици. Воедно, научниците предупредуваат дека границата на зголемување на температурата од 1,5 степен Целзиусов договорена во Париз ќе биде надмината многу порано отколку што можеле да предвидат.

Сподели!
- Advertisement -