Првата соларна железничка линија во светот пуштена во употреба во Хемпшир

- Advertisement -

Соларна фарма со повеќе од 100 соларни панели во Хемпшир, Велика Британија, ќе произведува струја за првата соларна железничка линија во светот. Делот од пругата кој ќе се користи за соларниот воз првиот ден од пуштањето во употреба доби 30kW струја од фармата. Обновливата енергија ќе се користи за напојување на сигналните знаци и светлата на линијата на компанијата Network Rail.

Од компанијата се надеваат дека ова е првиот чекор кон обезбедување на потребната инфраструктура за сите возиви да се напојуваат само со сончева енергија. Network Rail прави големи напори за да ги исфрли од употреба возовите на дизел и ги електрифицира пругите за да ја намали емисијата на јаглерод диоксид.

- Advertisement -

Проектот е соработка на добротворната организација 10:10 Climate Action и на Империјалниот колеџ во Лондон. Истражувачкиот тим кој стои зад проектот верува дека ова е првиот пример во светот да се користи соларна енергија за напојување на железнички линии.

Компанијата Network Rail не планира да застане на ова и сака оваа технологија да ја прошири на целата железничка мрежа ако овој проект се покаже успешен. До крајот на 2020 година компанијата Riding Sunbeams, која е сопственик на соларната фарма, се надева да ја изгради и да ја конектира првата соларна фарма во сопственост која ќе биде во сопственост на локалната заедницаи на патниците со железницата во Велика Британија. Се проценува дека со тој проект ќе се произведува доволно енергија за да задоволи една петтина од потребите на мрежата Merseyrail во Ливерпул, како и 15% од потребите на линиите во Кент, Сасекс и Весекц.

Сподели!
- Advertisement -