Поради се посилните бури и покачувањето на нивото на морето, на Земјата ќе бидат раселени дури 280 милиони луѓе

- Advertisement -

Штетата предизвикана од катастрофални субербури во комбинација со порастот на нивото на морињата ќе се зголеми стократно, што може да доведе до раселување на дури 280 милиони луѓеод крајбрежните предели во светот. Тоа е неминовно освен ако се преземат засилени мерки за ограничување на емисијата на стакелнички гасови, се вели во најновиот извештај на Обединетите Нации.
Според француската новинска агенција AFP, која наведува дека добила копија од извештајот, во овој документ е опишано мрачното сценарио во кое доаѓа до загревање на океаните и намалување на залихите на риби, топење на ледот и глечерите, а на крај до раселување на луѓето.
Доколку не се намали драстично емисијата на стакленички гасов, најмалку 30% од површината на пермафростот на северната хемисфера ќе се истопи во рок од само 80 години, се предупредува во извештајот. Ова топење ќе ослободи милијарди тони јаглерод диоксид моментално складирани во пермафростот, што ќе го зголеми глобалното затоплување. Резултатот ќе биде уште поголемо загревање на Земјата и пораст на нивото на морињата, што ќе го доведе во опасност животот на 280 милиони луѓе.
Овие прогнози се резултат на меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатските промени и претставуваат посебен извештај за океаните и заледените зони на Земјата, познати како криосфера. На тој панел било предупредено дека се потребни радикални промени за да се спречи таа катастрофа.

Сподели!
- Advertisement -