Компанијата Greyp Bikes на младиот хрватски иноватор Мате Римац постигна завиден успех на саемот Eurobike 2019 во германскиот град Фридрихшафен. Нивниот нови електричен велосипед Greyp G6.2, лансиран минатата година, ја освои наградата Eurobike Award во категоријата E-Mountainbike. Наградениот G6.2 има се што и останатите велосипеди од серијата G6, односно најдобра батерија на пазарот за е-велосипеди, две вградени камери, e-SIM, мобилна апликација, систем за онлајн надградба на софтверот OTA, врвни компоненти и т.н. систем gamification, кој, меѓу другото, овозможува возачите да се конектираат меѓусебе каде и да се наоѓаат и да ги споредуваат перформансите и да се натпреваруваат.
„Знаеме дека ова е кул и иновативен производ. Многу сме почестени што тоа го препозна и индустријата, особено во текот на првите две години постоење на пазарот. Правејќи два чекори напред и еден назад, веруваме во нашата визија дека имаме што да им понудиме на индустријата и на велосипедистите“, изјави директорот на Greyp Bikes, Крешимир Хледе.
Greyp Bikes на Eurobike лансираа и два нови велосипеди: моделот G5 со предни амортизери и Limited Edition G6.X. Во сите нови модели е вклучена технологијата која ја има и стандардната серија G6. Од Greyp Bikes велат дека лимитираната серија на G6.X е направена во чест на корените на компанијата која настана во рамките на компанијата која е познат производител на суперавтомобили, Rimac Automobili.
Цените на новите модели уште не се познати, но со оглед на тоа дека велосипедите од серијата G6 се продаваат по цена од 6.400 до 7.499 евра, јасно е дека ни новите нема да бидат многу поевтини.
Електричните велоспеди на Мате Римац ја освоија престижната награда Eurobike Award
- Advertisement -
- Advertisement -