"Намали трошоци со користење на премиум тарифи", прва македонска екнига за едукација за обновлива енергија

- Advertisement -

“Намали трошоци со користење на премиум тарифи” е првата македонска екнига за едукација и помош при инвестирање во обновливи извори на енергија, издадена од Свифт Дата.
Оваа книга е дел од серијалот е-книги кои ќе бидат издадени на темата “Обновливи извори на енергија”, а целта на овие книги е да се поедностават и приближат техничките информации и бенефитите од инвестирање во секторот на обновливи извори на енергија, до сите ентузијасти и идни инвеститори.
Првиот дел на книгата “Намали трошоци со користење на премиум тарифи” ги опфаќа сите сектори на фотоволтаичната индустрија, почнувајќи од тоа како работат панелите па се до инвестиција и станување на повластен производител на
електрична енергија преку последниот јавен повик распишан од владата на РСМ.
Во ова издание, за нашите читатели на крајот од книгата има листа на услови и потребни документи кои треба да ги поседуваат за да станат повластен производител на електрична енергија со фотоволтаични панели. Документите кои
се потребни се наведени со целосен назив за да се олесни процесот за подготовка на тендерската документација.
Бесплатна копија од книгата “Намалете трошоци со користење на премиум тарифи” можете да ја добиете на следниот ЛИНК.
Во следната е-книга ќе читате за:
• Како до дозволи, финансирање и договори за изградба на фотоволтаична
централа;
• Студија на случај: Македонска компанија која ги намали своите производни
трошоци со инсталирање на фотоволтаични панели;
• Како да направите правилен избор на компоненти: батерии, панели и
инвертери;
• Интервју со сопственик на фотоволтаична централа

Сподели!
- Advertisement -