- Advertisement -
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на ITU Телеком во Будимпешта, ги претстави условите за инвестирање во Македонија. Тој, како што соопшти МИОА, се обрати на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит инфраструктура и општество“, а настанот на едно место собра дел од заинтересираните оператори од повеќе земји од Европа кои имаа можност да ги слушнат условите за инвестирање во Република Северна Македонија.
Манчевски, во обраќањето говорел за бизнис климата во земјата и условите што ги нуди.
„Република Северна Македонија одржува макроекономска стабилност со инфлација од 0,9 отсто, а истовремено стимулира економски раст и развој. Со неодамнешните економски реформи на Владата се поддржува развој на бизниси и се привлекуваат приватни инвестиции, со што на компаниите им се обезбедуваат услови подготвени да влезат, да се еднакво конкурентни и ефeктивно да излезат од пазарот. Поради овие заложби, се пласиравме на 10-то место за леснотија во водењето бизнис од вкупно 190 земји, според извештајот на Светска Банка ‘Водење бизнис‘ за 2019 година“, истакна Манчевски.
Тој додаде дека растечките приливи на странски инвестиции ја задржаа висококвалификуваната работна сила и одржа стабилност на стапката на вработеност во земјата на 46,9 отсто. Во овие реформи, според него, е вклучен и најдобриот пакет за даноци во Европа: 10 отсто корпоративен данок и три отсто корпоративен данок за развој на ИКТ. Како резултат на реформите, Директните странски инвестиции (ДСИ) значително се зголемија во 2018 година, при што изнесуваа рекордни 735 милиони евра и опфаќаа 5,8 отстоод БДП на земјата“, информираше министерот Манчевски.
Зборувајќи за аспектите од ИКТ сферата тој ги претстави поволните услови и развојот на оваа област.
„Секторот за ИКТ е најбрзорастечкиот сектор, со кумулативна стапка на раст од 47 отсто во изминативе пет години, при што опфаќа четири отсто од БДП во земјата. Секторот за ИКТ има вработено над 18 илјади висококвалификувани работници, а дури 257 компании за ИКТ се основани во 2017 година“, вели Манчевски.
Тој го претстави и пазарот во контекст на можностите за инвестирање на нов мобилен оператор.
Наведе дека 98,69 отсто од населението и на 75 отсто има сигнал 4G, вкупниот број активни претплатници на мобилни услуги изнесува 95 отсто (на припејд 46 отсто, на постпејд 54 отсто), бројот на претплатници на мобилен интернет изнесува 65 отсто, додека пак бројот на активни M2M СИМ картички изнесува 207.990.
Според презентираните податоци, вкупните приходи на пазарот за мобилни услуги во 2018 година изнесуваа 139 милиони евра, а според Индексот на ГСМА за мобилна поврзаност на Република Северна Македонија за 2019 година, инфраструктурата за мобилна мрежа достигна 66,99, подготвеноста за потрошувачи достигнала 73,89, достапност на цените на уреди и услуги достигна 73,78.