На 19 септември 2019 година во Рагуза360 во Скопје по втор пат ќе се одржи водечкиот светски настан од областа на ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ – Global HR Trends Summit! Настанот е организиран од креативната агенција P World во партнерство со KARIERA.mk.
Со свои презентации на самитот ќе се претстават некои од светските водечки HR експерти како Serdzan Şimşek Arnautović одговорен за рекрутмент во Facebook, Rob Veersma директорот на тренинг академијата на Gazprom, Ofelia Nieto менаџер за човечки ресурси во Beiersdorf, Martin Lexa диреторот на човечки ресурси и комуникации во Molnlycke, Andrzej Borczyk директор за човечки ресурси од Heineken и Oana Iordachescu менаџер на талент во Criteo. Самитот ќе го води Andre De Wit поранешниот директор за тренинзи на Carlsberg Group и поранешен генерален менаџер на IKEA Iberia.
На Global HR Trends Summit Skopje 2. глобалните експерти за човечки ресурси ќе ги дискутираат најновите трендови во HR индустријата како организациската култура, зголемување на продуктивноста, успешното креирање на лидери, рекуриментот, менаџирање со талентите и иднината на работењето. Учесниците ќе имаат можност подобро да го разберат постојаното менување на денешните трендови во областа на човечките ресурси, преку суштински сесии и работилници и практични совети кои можат да се искористат во стратегијата за раководење во секоја компанија.
Со годишни конференции во Торонто, Монтреал, Доха, Баку, Загреб, Белград, Софиjа, Каиро, Тбилиси, Истанбул, Бејрут, Аман, Техеран, Тел Авив, Манама, Малта, Лисабон, Љубљана и Женева Global HR Trends Summit е еден од најголемите настани за човечки ресурси во светот.
Првото издание на Global HR Summit Скопје, организиран од P World со ексклузивно партнерство на KARIERA.mk, успешно беше одржан Септември 2017 година во присуство на повеќе од 200 делегати.
За повеќе информации за настанот посетете ја официјалната веб страница: https://www.thepworld.com/event/global-hr-trends-summit-skopje-2