Веганската исхрана ја намалува интелигенцијата кај децата, тврдат некои нутриционисти

- Advertisement -

Еве една загрижувачка вест за веганите. Веганската исхрана може да го намали коефициентот на интелигенција не само кај веганите, туку и кај нивните деца. Ова е последица на недостатокот на хранливи состојки кои се потребни за здравјето и функционирањето на мозокот, тврди нутриционистката Ема Дербишир.
Исхраната базирана на растенија има недостиг од хилин,  хранлива состојка која oвозможува нормален тек на нервните импулси, вклучувајќи ги и интелектуалните процеси како што е памтењето, пишува Daily Mail.
Холинот кој се наоѓа во месото, рибата, јајцата и млечните производи е многу битен и во бременоста затоа што придонесува за здрав развој на детскиот мозок. Дербишир е загрижена затоа што истражувањата покажуваат дека во некои земји се помалку се јаде месо, што може да се одрази на идните генерации.

Сподели!
- Advertisement -