Ќе се гради најголемата фарма на ветар во светот вредна 10 милијарди евра

- Advertisement -

Во близина на брегот на Јоркшир во Велика Британија се планира изградбата на најголемата фарма на ветар во светот, во која ќе бидат инвестирани повеќе од 10 милијарди евра. Огромната фарма ќе се состои од три помали, а инвеститорите и изведувачите на работите тврдат дека ќе може да напојува со електрична енергија околу 4,5 милиони домови во Велика Британија.
Изградбата треба да почне во јануари идната година, а првите турбини од фармата ќе почнат да произведуваат струја во 2023 година. Проектот треба да отвори илјадници нови работни места, а ќе се наоѓа на 130 км од брегот на источен Јоркшир. Трите помали фарми – Creyke Beck A, Creyke Beck B и Teesside A – ќе произведуваат струја која ќе се префрла на две крајбрежни локации – Тисајд и Котингем.
Енергетската компанија SSE и нејзиниот норвешки партнер Ekvinor наведуваат дека ќе иневстираат 10,2 милијарди евра. Трите фарми ќе бидат составени од 630 турбини на Siеmens високи 190 метри.

Сподели!
- Advertisement -