Заврши проектот Иноплатформа со лансирање на веб алатки за подобрување на иновативните проекти на малите и средни претпријатија

- Advertisement -

ИноПлатформа, проект под лидерство на Центарот за Управување со знаење од Република Северна Македонија, поддржан преку Interreg BalkanMed програмата на Европската Унија, заврши успешно со лансирање на  иновативни веб алатки поддржани од Центар за Извонредност, експерти и прототипно студио. Овие алатки ќе им бидат на располагање на малите и средни претпријатија кои сакаат да воведат било каква иновација во своето работење. Сепак најмногу се насочени кон претпријатијата кои воведуваат нови производи и процеси.
„Проектот кој го спроведувавме од 2017 до 2019 година ни покажа дека малите и средните претпријатија во регионот имаат проблем во спроведување на своите бизнис стратегии во практични проекти, недоволно ги користат методите за бизнис моделирање, а дел од компаниите кои вовеле некаква иновација не успеале тоа да го преточат во поголем пазарен удел и зголемени приходи“, изјави на завршната прес конференција д-р. Андријана Богдановска, проектен менаџер на Иноплатформа.
д-р. Богдановска пред претставици од компании и консултанти ги претстави алатките, кои се резултат на овој проект: Иномодел,  Иностратегија, Инофинансии, Инопроект и Инопартнер, кои беа создадени со цел да им помогнат на малите и средни  претпријатија успешно да воведуваат иновации. Таа ги повика фирмите кои имаат потреба од воведување на некаков тип на иновација да се обратат во Центарот каде може да добијат совет, насоки но и да ги користат услугите од прототипнонто студио со 3D печатари и скенери.

Пристапот до овие ресурси, според професорот Владимир Дуковски, експерт на овој проект, е од непроценливо значење  за малите претпријатија, и повика на поголема соработка со универзитетите и институтите како извор на знаење и искуство.
Компанијата MS&Ts Solutions е корисник на услугите од овој проект и како резултат на користењето на иноалатките алатките премина од трговско/услужна компанија во производствена.
“Со помош на иноалатките и експертска помош успеавме да развиеме модел на универзален нож за градежни машини и булдужери, за којшто претходно имаше увоз на многу различни типови. Дополнително на тоа, за развој на овој производ обезбедивме и финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој. Како резултат на сето тоа развивме целосно нов производ со голема перспектива“, изјави Оливер Никушев од MS&T Solutions.
Проектот Инноплатформа го спорведува Центарот за Управување со Знаење.  Центарот за Управување со Знаење е истражувачки центар формиран во 2008-ма година, со цел да ги зајакне и подобри процесите на управување со знаење во сите општествени области во република Македонија и регионот на ЈИЕ. Центарот покрива широка палета на активности која се спроведува во соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и деловната заедница. Визијата на Центарот е да прерасне во активен учесник во институционалниот и економскиот развој на земјата и регионот.

Сподели!
- Advertisement -