Instagram воведува построги правила за малолетниците

- Advertisement -

Instagram објави нови правила за објавите во кои се зборува за губење на телесна тежина и козметички зафати. Некои од тие објави ќе бидат сокриени од корисници кои имаат помалку од 18 години, додека објавите кои промовираат магични производи за губвење телесна тежина ќе бидат отстранети. Причината за тоа е се поголемата загриженост за младите луѓе на кои тие објави имаат најголемо влијание.
Нереалните промоции на производи за брзо слабеење ќе се отстрануваат, а на младите ќе им биде ставено ограничување на влидливоста на објавите поврзани со диети и козметички зафати, ако објавите поттикнуваат на купување. Корисниците ќе можат да пријават објави за кои сметаат дека ги кршат новите правила, а Instagram ќе ги прегледа и ќе одлучи дали ќе ги отстрани или ќе ги ограничи. Промените ќе се применуваат и на Facebook, во чија сопственост е Instagram.
Ограничувањата ќе се однесуваат само на корисниците за кои Instagram „знае“ дека се помлади од 18 години. Меѓутоа, апликацијата не го знае датумот на раѓање на корисниците кога отвораат профили затоа што тогаш треба само да се штиклира дали сте постари или помлади од 18 години. Ако корисникот се пријави преку профилот на Facebook, датумот на раѓање ќе се повлече и на Instagram, но ни тоа не е сигурна информација.
„Сакаме Instagram да биде позитивно место за секој корисник. Оваа политика е дел од нашата постојана работа со која се обидуваме да го намалиме притисокот кој луѓето го чувствуваат поради социјалните мрежи“ велат од Instagram.

Сподели!
- Advertisement -