Тргна на пат првиот воз од Кина до Србија

- Advertisement -

Воспоставена е првата железничка линија меѓу Србија и Кина, односно првиот товарен воз тргнал на пат од Кина кон Србија. Возот тргнал од кинескиот град Џинан во провинцијата Шангдонг.
„Во оваа композиција се наоѓа опрема која кинеските компании CRBC и CCCC ја користат за изргадба на брзи пруги од Белград од Будимпепта. Со ова Србија доби железничка карго линија со Кина“ изјавија од српската влада.
Џинан и Белград се оддалечени околу 10.500 километри и возот се очекува да пристигне за околу 25 дена. На својот пат возот ќе помине низ Кина, Казахстан, Русија, Украина, Словачка и Унгарија.
„Отворањето на оваа железничка линија меѓу Кина и Србија отвора можности за сите стопанственици од Србија, но и од регионот, да можат својата стока да ја извезуваат на кинескиот пазар, како и да увезуваат потребна стока од Кина затоа што железничкиот транспорт е многу поисплатлив од авионскиот и поморскиот“ додаваат од владата.
Железничкиот сообраќај е еден од централните видови сообраќај за кинеската глобална економска иницијатива „Појас и пат“, а брзата железничка пруга од Белград до Будимпешта е составен дел од овој проект.

Сподели!
- Advertisement -