Цената на руската вакцина ќе биде 21 евро

- Advertisement -

Руското Министерство за здравство утврди дека максималната големопродажна цена за вакцината Sputnjik V ќе биде 1.942 рубљи или околу 21 евро за две дози. Од Министерството истакнаа дека Русија ја ставила вакцината Sputnjik V на листата со лекови од суштинска важност.

Вакцината Sputjnik V ја разви Рускиот инвестициски фонд во соработка со Институтот Гамалеј и тоа е првата регистрирана вакцина против болеста КОВИД-19 во светот. Вакцината се состои од две дози, а базирана е на човечкиот адено вирус, кој, како што сметаат научниците, им помага на луѓето да развијат имунитет во траење од најмалку 2 години.

- Advertisement -

Русија во саботата навечер ја почна програмата за вакцинација против корона вирусот, со што стана првата држава во светот која почнала вакцинација против новиот смртоносен вирус.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -