- Advertisement -
Денес во Скопје ќе се формира првата „Балканска винска мрежа“ на настан на кој кој ќе присуствуваат повеќе здруженија на вински производители, сомелиери и организатори на вински настани од Балканот, кои во наредниот период ќе работат на заеднички проекти поврзани во развој на лозарството, на винската индустрија и на вистинскиот туризам.
Исто така, за првпат ќе се востанови и „Светски ден на вранецот“, на 5 октомври, по примерот на меѓународни денови од други земји кои ги слават своите вински сорти. Организатор на овие активности е здружението „Вина од Македонија“.
Организации од Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово ќе потпишат меморандум за соработка со цел да ги спроведуваат сите дефинирани активности. На настанот како гости ќе бидат присутни и лица од Бугарија, Словенија, Грција и Романија кои во иднина ќе соработуваат во насока за развој на Балканот како вински регион. Поканети се и амбасадорите на земјите од Западен Балкан, претставници на институции во областа на винската индустрија и туризмот, соопштија организаторите.
На 5. октомври 2019 (сабота), во хотелот „Хилтон“ во Скопје ќе има целодневна програма која ќе вклучи отворање и официјална инаугурација на „Светскиот ден на вранецот“, панел дискусии и мастер класови со светски вински професионалци кои го истражуваат „вранецот“. Меѓу нив се винските познавачи т.н. „Master of wine“ Керолин Гилби (Carolyn Gilby), Дарел Џозеф (Darrel Joseph) и Питер Меккомби (Peter McCombie), вински новинари од Европската унија, меѓу кои Томас Брандл (Thomas Brandl) од Германија, како и вински судии, меѓу кои Николас Ангелина (Nicolas Angelina) од Велика Британија и Дариус Алин (Darrius Allyn) „Master sommelier“ од Хонгконг.
За пошироката публика попладнето ќе се одржи и ексклузивен салон на вина од сортата „вранец“ произведени од домашните винарници. Салонот ќе биде отворен за јавноста од 16. 30 часот до 22 часот.