Apple подготвува нов iPhone за почетокот на идната година

- Advertisement -

Традиционално, со години наназад, во септември Apple ги претставува новите модели на iPhone. По трите модели iPhone 11, за кои можеме да прочитаме само позитивни рецензии, особено кога станува збор за квалитетот на фотографиите и траењето на батериите, нема да мора да чекаме уште цела година за новите модели. Наводно, нов телефон на Apple можеме да очекуваме веќе на почетокот на идната година.
Секако, тоа нема да биде iPhone 12, туку многу споменуваниот наследник на најевтиниот iPhone, моделот SE. Како што објави најценетиот аналитичар кој ја следи компанијата и има одлични инсајдерски информации, Минг-Чи Куо, на почетокот на идната година можеме да го очекуваме iPhone SE 2, кој најмногу ќе ги привлече моменталните корисници на моделите iPhone 6 и 6 Plus и ќе донесе комбинација од застарениот дизајн на iPhone 8 со една камера и модерен хардвер.
Значи,  можеме да очекуваме екран со дијагонала од 4,7 инчи со широки рабови над и под екранот, без опција за препознавање лице, со една камера и сензор за Touch ID сместен под екранот. Но, тој телефон, и покрај малиот екран, треба да го има најмоќниот хардвер на Applе – процесор A13 и 3 GB RAM, што сигурно ќе ги привлече корисниците кои бараат добри перформанси со мали димензии.
Куо очекува Apple во текот на идната година да испорача од 30 до 40 милиони модели SE 2 и овој телефон треба да и помогне на компанијата да го зголеми пазарниот удел на пазарот за смартфони. За луѓето, секако, набитен момент е цената – SE 2 ќе се продава по 399 долари.

Сподели!
- Advertisement -