Најсреќната земја во светот е пред демографски колапс

- Advertisement -

Финските статистики откриваат лоша популациска прогноза – „Бројот на жители ќе почне да паѓа во 2031 година“ гласи насловот на напис во финскиот весник на англиски јазик Helsinki Times. Сите фински провинции за 15 години отсега ќе имаат повеќе смртни случаи отколку раѓања освен ако на некој начин стапката на наталитетот не почне да се опоравува, прогнозира финската статистичка агенција.
До 2050 година Финска ќе има 100.000 жители помалку од денес, кога има 5.525.000, и тоа ако го задржи сегашното ниво на имиграција од 15.000 годишно и стапката на наталитет од 1,35 деца по жена во репродуктивниот период. Но, Финска дури не е ни една од развиените земји во кои најчесто се зборува за демографска криза. Напротив, Финска годинава беше прогласена за најсреќната земја во светот, исто како и минатата година.
Во однос на родовата еднаквост, според анализата на Светскиот економски форум, Финска е на четврто место, после Исланд, Норвешка и Шведска. Финското образование често се споменува како најдобро во светот, а родителите во финска имаат и одлично породилно отсуство од 30-50 работни дена пред и 105 работни дена после раѓањето на бебето за мајката, а 54 работни дена за таткото. Потоа следуваат уште 158 работни дена платено породилно отсуство кое може да го земе мајката или таткото.
Родителите може да останат дома и после породилното отсутво, без надомест, но со сигурно работно место до третата година на детето. Градинките исто така се субвенционирани во согласност со примањата на родителите. Притоа, може да примаат и детски додаток.
И покрај сето тоа, стапката на наталитетот во Финска нагло паѓа последниве десет години – 1,86 деца во 2009 година на 1,35 деца годинава. Во споредба со Шведска, Финска беше многу постабилна, но доживеа колапс последната деценија. Дали причината е од економска природа? Финска имаше стапка на невработеност од 9,4% во 2015 година, после рецесијата, но годинава таа се намали на 6,7%.
„Факт е дека родителството ги намали пензиите за жените. Женската кариера и поголемите приходи се прашањата со кои мора да се позанимаваме ако сакаме да се осигураме дека оние кои се способни и желни да основаат семејства ќе го направат тоа. Загрижен сум дека можеби не се фокусираме на вистинските работи ако не развиваме старателство за семејствата со деца. Мора да произведеме цела мрежа на услуги на таков начин за семејствата со деца да чувствуваат поддршка“ порача финскиот премиер, Анти Рине.
Можеби овој нагли пад на популацијата е статистичка варијација и ситуацијата ќе се подобри, но како и со Шведска, чија стапка на наталитет исто така паѓа, дали вистинскиот одговор навистина е комбинација од родова еднавост и великодушни социјални мерки за закрепнување? Како и кај сите европски земји, Финска е под стапката на наталитет потребна за одржување на популацијата. Субвенционираните и достапни градинки, великодушните семејни надомести и културата оридентирана кон заедницата, а не работата, изгледа не и помагаат на Финска.

Сподели!
- Advertisement -