На средината на годината кинескиот гигант Huawei се најде во проблеми поради санкциите наметнати од САД. Но, тоа не влијаеше на работата на Huawei, а тоа го потврдуваат и неговите резултати.
Имено, иако во САД повеќе не смеат да испорачуваат паметни телефони и таблети, како ни да работат таму, Huawei на глобално ниво бележи раст на продажбата на своите уреди. Станува збор за дури 26% поголема испорака отколку пред една година, поконкретно 185 милиони испорачани паметни телефони, што значи дека Huawei може да биде и повеќе од задоволен.
Исто така, на ниво на целата компанија во текот на првите девет месеци се остварени приходи од 86,01 милијарди долари. Тоа е раст од 24,4% во однос на 2018 година.
Пред само неколку месеци се чинеше дека Huawei може да има проблеми затоа што Google најави отстранување на мобилниот оперативен систем Android од Huawei уредите. Таа одлука требаше да стапи на сила во август годинава, но беше пролонгирана поради смирувањето на страстите на САД кон кинеската компанија.