Маркус Вилиг е најмладиот претприемач во Европа чија компанија вреди милијарда долари

- Advertisement -

Кога беше основан Ѕkype беше еден од пионерите на новиот начин на интернет-комуникација, кој овозможи телефонски и видеоповици и испраќање пораки без трошење импулси од фиксната и мобилната телефонија. Компанијата која е основана во Естонија набрзо стана популарна меѓу корисниците, чиј број постојано растеше, а во 2011 година ги презеде Microsoft за сума од 8,5 милијарди долари.

Успехот на Skype покажа дека во технолошката индустрија не мора да живееш во Силиконската долина за дa изградиш успешен стартап и дека за голем успех е доволен мал тим со посветени луѓе. Но, Skype не е единствениот стартап кој почнал од Естонија и го освоил светот. Отприлика во времето кога Skype го менуваше светот еден друг млад Естонец имал идеја за стартап кој ќе тргне по истиот пат.

- Advertisement -

Маркус Вилиг имал 12 години кога знаел што сака да прави во животот – да основа технолошки стартап, а откако завршил средно образование позајмил 5.000 евра и почнал да ја развива апликацијата за такси-превоз сличен на Uber. Се запишал на факултет за ИТ, но како и многу шефови на големи технолошки компании, неговата авантура во светот на образованието не траела долго и се откажал по само еден семестар. Се посветил на развојот на апликацијата и компанијата која ја нарекол Taxify. Можеби ова име нам не ни звучи познато, но корисниците на такси-превоз во некои европски градови го препознаваат под името Bolt.

Имено, во соглеасност со промените на пазарот за мобилни уреди и алтернативните начини на превоз, Taxify со менува името во Bolt и освен такси-превоз, денес нуди достава на храна и изнајмување електрични ромобили. Маркус Вилиг денес има 25 години и може да се пофали дека е најмладиот европски основач на компанија чија вредност изнесува милијарда долари. Неговиот Bolt од улиците на естонските градови се прошири на стотина градови во 30 земји, а за пазарот на такси превоз вели дека на него допрва се отвораат огромни можности за раст.

- Advertisement -

Вилиг на идните претприемачи им порачува дека за успех секогаш е биден фокусот затоа што може да имаме бројни идеи, но само неколку работи можеме да правиме навистина добро. Исто така, порача и дека не треба да се плашиме од менување на името на компанијата затоа што ако вашата нова визија е поголема од онаа со која сте почнале и по која компанијат го добила името, не треба да се плашите да ставите посоодветно име. Уште еден совет од него е да бидеме внимателни со потршувачката и да растее постепено со рационално менаџирање со ресурсите.

Сподели!
- Advertisement -