Илон Маск се повлекува од Twitter после низата проблеми кои си ги создаде со твитовите

- Advertisement -

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, во низа твитови на своите следбеници им соопшти дека се збогува со Twitter. Оваа одлука Маск ја донесе откако одредени негови обја ив на оваа социјална мрежа му направија проблеми. Тој со твитови најави повеќе свои проекти, меѓу кои и својата компанија за копање тунели за ултрабрзи возови The Boring Company, а објавув и видеа од напредокот на својата ракета за патување до Марс.

Тој на следбениците им напиша дека не е сигурен дека има корист од оваа социјална мрежа и дека му се чини дека Reddit е подобар избор. Многумина жалат поради оваа одлука на Маск, но со оглед на тоа дека и претходно најавуваше дека ќе се повлече од Twitter, дел од неговите следбеници не веруваат дека Маск ќе го стори тоа.

- Advertisement -

Маск и во јуни годинава го избриша својот профил, но остана активен. Накратко го смени името на профилот во Daddy DotCom, но потоа се врати на своето име. Во октомври се појавија документи во кои советниците му препорачуваат да се одмори од Twitter откако британски нуркач го нарече педофил.

Сподели!
- Advertisement -