Apple подготвува опција која радикално ќе го смени начинот на кој гледаме филмови

- Advertisement -

Тим Кук со години ги фали можностите и потенцијалот за проширена реалност. Гласините говорат дека следната голема иновација на Apple треба да бидат очила во засилена реалност. Бидејќи станува збор за гаџет кој не би требало да се појави уште една година до година и пол, за очилата засега нема многу информации, но познато е дека екипата во Apple сака дизајнот да биде како класичните диоптерски очила. Корисниците од внатрешнта страна на очилата треба да гледаат разни информации – од известувања, повици и пораки, без да мора да гледаат во екранот од часовникот или телефонот.

Но, покрај тоа, Apple подготвува и некои опции со проширена реалност и за својот стриминг сервис Apple TV+. Ако веќе не можат да му конкуреираат на Netflix и на другите слични сервиси со количината и квалитетот на содржините, изгледа дека нивниот сервис може да привлече корисници со опцијата која ќе го смени начинот на кој гледаме филмови и серии. Имено, луѓето и предметите од малите екрани наското ќе „влезат“ во нашите дневни соби благодарение на нивната технологија за проширена реалност.

- Advertisement -

За почеток проширената реалност ќе се користи како бонус опција. На пример, лунарните ровери од серијата би можеле да се најдат на масата во дневната соба. Се разбира, за да ги видите тие ровери ќе ви биде потребен некаков уред. За почеток тоа ќе можете да го направите со iPhone или iPad, а подоцна во AR содржините ќе уживате со очиилата на Apple. Се поставува и прашањето дали тоа е правецот во кој во иднина ќе се движи и целата филмска индустрија.

После филмот „Аватар“ се чини дека 3Д е иднината на филмовите, но се покажа дека таа технологија уште не е подготвена за дневните соби. Што се однесува на Apple, според извор запознаен со нивните планови, AR содржините за нивниот стриминг сервис ќе ги претстават на крајот на годината.

- Advertisement -

(Neowin, Dnevnik.hr)

(фото: WallpaperFlare)

Сподели!
- Advertisement -