Откако го напушти директорското место во Alibabа, Џек Ма, најбогатиот Кинез во светот, отвора школи во кои децата ги учи на мудрост. Во рамките на својот едукативен проект Џек Ма сега основа градинки, основни и средни училишта. Тој, инспириран од различни образовни системи од американскиот до тој во Стариот Рим, последните пет години работи со наставници од руралните средини и развива систем кој би му помогнал да ги открие вистинските лидери.
„Да се биде мудар значи да се живее како човек, а да се живее како човек значи да се гришиж за другите и да се грижиш за иднината“ изјави некогашниот наставник по англиски јазик, единствниот просветен работник кој од училница влезе директно во светот на мултимилијардрите, но и единствениот поранешен наставник кој со сопствени пари планира да ја финансира образовната реформа.
Напрашањето што планира да прави по напуштањето директорското место, Џек Ма рече дека следната година ќе ги обиколува училиштата и наставниците ширум светот за да учи од нивните искуства затоа што сака да се посвети на образувањето на младите во оваа доба на информатички технологии. „До педесеттата година заработувате пари, а потоа го трошите на други затоа што сами не можете да ги потрошите“ вел најбогатиот Кинез, чие богатство се проценува на 38 милијарди долари.
Соосновачот на интернет трговецот Alibabа сака да инвестира во подобрување на образовниот систем во Кина, а не да ги дава парите на инвеститори или во банка. Тој смета дека е доволно млад за идните 15 години да може да ги подучува младите затоа што во Alibabа го постигнал тоа што го сакал и затоа го предал кормилото на својот прв соработник Даниел Жанг.