- Advertisement -
Франција по прв пат ќе воведе квоти за работници од земји надвор од ЕУ, на кои ќе им овозможи влез во земјата. Министерската Мјуриел Пенико објасни дека квотите ќе ги одредат идното лето и додаде дека владата ќе состави список со релевантни професии кои ќе бидат покриени со тие квоти, но приоритет е враќање на Французите на пазарот на труд.
„Наш приоритет е да им помогнеме на Французите да се вратат на пазарот за труд. Дури потоа ќе се фокусираме на бегалците и ќе им овозможиме да најдат работа. А доколку е потребна работна сила, на корист на државата и на компаниите, ќе доведеме луѓе кои ни се потребни во зависност од нивните професии и квалификации“, изјави Пенико.
- Advertisement -