Хрватска летово ја заменува куната со евро

- Advertisement -

Иако пред два месеци беше најавено одложување на процесот за приклучување на Хрватска во Банкарската унија и ERM II, агенцијата „Fitch” сепак верува дека процесот со давање „зелено светло“ за воведувањето на еврото како платежно средство ќе оди според планираното и покрај застоите кои ги предизвика пандемијата со корона вирусот.

Тоа ќе значи и заминување на хрватската круна во историјата. За ова пишувааш неколку балкански весници, како што се Јутарњи листБлицСлободна Далмација и други.

- Advertisement -

Владата на Хрватска уште пред еден месец се изјасни дека ги исполнила сите 19 реформски мерки, а овие денови и хрватската Народна банка се огласи дека банките во земјата успешно го минале тестот за нивниот квалитет кој го спроведе Европската централна банка (ЕЦБ).

Хрватската влада наскоро треба да ги извести европските институции за примената на сите мерки, а ЕЦБ треба да ги извести земјите-членки на еврозоната за резултатите од проценката на пет хрватски банки. Со тоа земјата ќе се најде во чекалната за влез во еврозоната во која мора да помине најмалку две години и шест месеци.

- Advertisement -

Нивниот позитивен одговор се очекува до средината на јули, пишува „Јутарњи лист“, по што постапката наложува испраќање на официјално барање за влез во ЕРМ II и да се воспостави тесна соработка помеѓу ХНБ и ЕЦБ.

Според неофицијалните информации, овој процес треба да заврши кон крајот на месец јули. Доколку Хрватска го направи првиот чекор на патот кон еврото, прашањето коешто се поставува е кога еврото ќе се користи во секојдневна употреба.

- Advertisement -

Искуството на другите земји покажува дека овој период може да варира од две и пол години, колку што и беше потребно на Словенија, па се до 11 години, колку што и требаше на Литванија од 2004 до 2015 година.

(Извор – www.biznisregulativa.mk)

Сподели!
- Advertisement -