Наместо анестезија, децата во текот на операциите ќе ги смирува виртуелна реалност

- Advertisement -

Иако виртуелната реалност најчесто ја поврзуваме со видеоигрите, можностите за нејзина примена навистина се големи. Најновата можна примена на виртуелната реалност е како замена за општата анестезија во текот на оперативните зафати.

Имено, во некои случаи и можела да се искористи локална анестезија наместо целосна, но поради стравот и паниката која може да се појави кај пациентите, особено кај најмладите, најчесто се користи целосна анестезија.

- Advertisement -

Lenovo и Starlight Children’s Foundation работат на пилот-проект во кој децата во текот на операцијата можат да користат очила или кациги за виртуелна реалност за со содржините и доживувањата во виртуелната реалност да заборават на она што се случува околу нив и на операцијата која е во тек.

Проектот трае веќе некое време и во Колорадо, САД, досега се покажа навистина успешен. Додека децата се занимаваат во виртуелниот свет, докторите со само локална анестезија успешно вршат некои зафати за кои инаку е потребна целосна анестезија. Исто така, за некои зафати за кои вообичаено е потребна локална анестезија успеале да ги направат без анестезија додека децата носеле уреди за виртуелна реалност.

- Advertisement -

Во програмата не се користат никакви посебни уреди, ни посебен софтвер кој би бил можеби прилагоден на таквите ситуации туку се користи уредот на Lenovо, Mirage Solo, со постојните апликации и игри. Единственото на што треба да се внимава е содржините кои се прикажуваат да бидат прилагодени на возраста на детето.

Докторите од болницата за деца во Колорадо велат дека виртуелната реалност им помага на децата полесно да ги издржат операциите и болката затоа што нашиот мозок има ограничена „бранова должина“, односно своето внимание не може да го насочи ма повеќе работи. „Колку повеќе внимание посветувате на виртуелното искуство, толку вашиот мозок ќе чувствува помалку сигнали од местото на кое чувствувате болка. Ако не обрнува внимание на тие сигнали, тие исто како да не постојат“ велат докторите.

Сподели!
- Advertisement -