Huawei доби уште 90 дена за соработка со американски компании

- Advertisement -

Нуawei деновиве ја доби третата по ред продолжена дозвола за соработка со американските компании. По тоа прашање нема ништо ново. Правилата се исти како минатиот пат: старите уреди Huawei може да ги надгради со нови безбедносни правила, а на новите не смее да ја имплементира MS поддршка.

Уредите од серијата Mate 30 и понатаму нема да имаат целосна функционалност на каква што се навикнати купувачите од Западот. Истото важи и за сите телефони кои Huawei ќе ги претстави во текот на наредниот период. Исто така, компаниите како Qualcomm и Micron ни понатаму нема да можат да ги продаваат своите чипови на Huawei затоа што тој дел потпаѓа под клаузулата за национална безбедност.

- Advertisement -

Новата дозвола повторно ќе важи наредните 90 дена, односно до 16 февруари 2020 година, со што воедно ги демантираа и гласините дека третото продолжеие на дозволата ќе трае две недели, односно шест месеци, како што шпекулираа некои медиуми.

Иако укинувањето на забраната би било наједноставно за сите, Huawei не мирува и постојано работи на усовршување на алтернативните продавници за апликации и на сопствените сервиси со кои настојува да ги замени тие од Google.

Сподели!
- Advertisement -