На Универзитетот во Тетово студентите се запознаа со InnoTech Club и можноста преку оваа платформа да добиваат најнови и навремени информации за сите програми за финансиска и друга поддршка за младите во земјава.
-Ние обезбедуваме главно информации и почнуваме да ги обединуваме сите активности кои што делуваат на ниво на поддршка на млади претриемачки идеи и старт-ап идеи. Преку зачленување на нашата платформа младите можат да се информираат што, каде и кој во нашата земја обезбедува на таа тема, изјави Верица Јорданова од Иновативост.мк.
Младите ќе се мотивираат и поврзуваат преку Inno Cafe настани, кои во текот на следната година ќе се органзиираат во Скопје, Тетово, Битола и Штип.
– Се соочуваме со одлив на млади и кадар од една страна, а од друга страна, уделот на индустријата во БДП се намалува. Што значи во нашата економија е потребно се повеќе да имаме производи односно економија базирана на знаење и на технолошки развој. Токму затоа како тим составен и од професори од технички факултети инициравме проект да се промовираат науката, иновации и технологијата како многу важни аспекти на македонската технологија, рече Јорданова.