Германски Deutsche Telekom размислува за спојување со француски Orange

- Advertisement -

Германскиот телеком оператор Deutsche Telekom ја разгледува можноста за спојување со францускиот конкурент Orange. Двете компании разговараат со години, при што првите преговори за спојување од 2017 година пропаднаа затоа што не било возможно да се доведат во рамноправна позиција.

Германскиот весник Handelsblatt сега објави дека германскиот оператор го проценува потенцијалот кој би се отворил со спојувањето со Orange. Веснуикот потсетува дека двете компании изминатите осум години соработуваат на полето на набавките.
Претставник на Orange изјавил дека не е изнесена таква идеја, ниту се води расправа за спојување. Од Deutsche Telekom не сакаат да ги коментираат наводите на германскиот весник. Германската и француската влада се сопственици на големи удели во двете компании, што додава политичка димензија на можното спојување.

- Advertisement -

Со оглед на големината на Deutsche Telekom, договорот веројатно би значел дека германскиот телеком го презема францускиот, што тешко би им паднало на Французите. Deutsche Telekom е најголемата европа телекомуникациска компанија со пазарна капитализација од околу 72 милијарди евра. Orange, чии акции се котирани на париската берза, вреди околу 40 милијарди евра.

Сподели!
- Advertisement -