Американците овој Црн петок преку интернет потрошија рекордни 7,4 милијарди долари, додека помал број луѓе отидоа на класичен шопинг. Тој износ се приближи до парите потрошени на минатогодишниот Сајбер понеделник – 7,9 милијарди долари, кој засега го држи рекордот со интернет продажбата, покажаа анализите на компанијата Adobe Analytics.
Сајбер понеделник е денот после празничниот викенд за Денот на благодарноста, кој по традиција е четвртиот четврток во ноември. Oд Adobе очекуваат анализите да покажат дека овој Сајбер понеделник го надминал рекордот и дека се потрошиле 9,4 милијарди долари.
Најголем дел од шопингот се одвивал преку мобилен телефон – 39% од вкупната продажба на Црн петок. Купувачите особено барале играчки базирани на ликови од филмот Frozen Two, а меѓу другите нјачести набавки биле спортски видеоигри и Apple лаптопи.
Поради онлај на продажбата беше помала и гужвата во шопинг центрите. Посетата на физичките продавници годинава е помала за 2,1% во однос на Црн петок минатата година. Тој пад на посетите довел и до пад на продажбата за 1,6%.
Купувањето онлајн и купувањето во физичка проданица не се секогаш одвоени. Многумина купувата производи преку интернет и потоа одат да ги земат од продавница. Таквиот вид продажба се зголемил за 43,2% овој Црн петок во однос на минатата година.