Интервју со Јерун Клостерман, менаџер за стратегија на производи на Оракл Дигитал, ЕМЕА. Тој е одговорен за селекција и развој на продажбата, продажната сила и развојот на бизнисот, истовремено со советодавна улога за клиентите на претпријатија на АИ и аналитика. Тој ги промовира дигиталните методи за продажба и аналитика во рамките на Оракл со цел подобрување на продажните функции, а воедно е и промотор на машинското учење користејќи го Оракл.
Тој jа започнал својата кариера како бизнис консултант имплементирајќи ја технологијата на Оракл во претпријатијата низ територијата на Европа. Понатаму напредувал во рамките на Оракл, почнувајќи од продажен инженеринг, развој на бизнис и моментално стратегија на производ.
Со оглед на вашето богато искуство во продажба, анализа на податоци, консалтинг и инженеринг ккое е Вашето мислење во врска со работните позиции кои во иднина ќе имаат највисока побарувачка на пазарот?
Да, тоа звучи разновидно. Сметам дека суштината на мојата работа не е радикално сменета. Мојата страст од секогаш била вкоренета во технологијата. Разликата е што во минатото работев со по еден клиент, додека денес се обидувам да достигнам до пошироката публика зборувајќи за технологијата и иновациите кои ги носи истата.
Што се однесува до работните места кои ќе бидат со зголемена побарувачка, вештачката интелегенција носи повисоки нивоа на автоматизација, што ќе резултира со радикални промени на еден вид работни места, наспроти застарувањето на другите. Полето каде можеме да очекуваме раст на побарувачката се оние работни места поврзани со самата вештачка интелегенција: програмирање, роботика итн.. Младите луѓе кои бираат кариера, важно е да се свесни за влијанието кое може да го има напредокот во технологијата врз нивната кариера. Во секој случај, секој професионалец треба да тежнее кон континуирано учење со цел да се справи со предизвиците кои може да надојдат.
Бевте еден од клучните панелисти на МАСИТ Конференцијата – Податоците како вредност. Што беше за Вас највпечатливо што споделивте или пак научивте на оваа конференција?
Фактот дека најголемите технолошки пречки за усвојување на вештачка интелегенција во претпријатието исчезнуваат. Топологијата на “облак” им олесни на компаниите да започнат да експериментираат со многу податоците, без притоа да превземаат ризични инвестиции. Исто така, забележуваме напредок во софтверските алатки кои го водат процесот на проучување на податоците и им овозможуваат на тимовите да работат ефикасно заедно. Како резултат, компаниите ќе можат да ги применат сценаријата базирани на вештачка интелегенција во реалниот свет и да станат побргу рентабилни.
Дали ги диференцирате регионите според нивниот технолошки развој? Кое е Вашето мислење за балканскиот регион?
Сметам дека во областа на информатичката технологија шансите за успех се еднакви низ целиот свет. Интернетот е насекаде, а знаењето, работните места и деловните можности, можат слободно да функционираат преку интернет. „Природниот“ ресурс на ова поле се образованието и вештините, а Балканскиот регион има многу талентирани луѓе. Поврзано со ова, познато е дека дел од младите таленти континуирано го напуштат Балканскиот регион поради различни причини. Важно е Балканскиот регион да се сконцентрира на задржување и привлекување на таленти и да го спречи „одливот на мозоци“.
Вие сте застапник на машинско учење користејќи го Оракл. Кои се предизвиците со кои се соочувате моментално и кои се Вашите предвидувања за развојот во иднината?
Постојат голем број предизвици за компаниите кои сакаат да започнат со вештачка интелегенција или машинско учење. Најочигледни се потребата од технологија и кадар со соодветни вештини. Компаниите најчесто се соочуваат со тие предизвици уште од самиот почеток.
Друг предизвик што е помалку познат е потребата од правилни и високо квалитетни податоци. Успехот на вештачка интелегенција во голема мера зависи од тоа. Ова значи дека сè уште се соочуваме со истите “древни” предизвици на податоците: Ние мораме да се грижиме за квалитетот и безбедноста на податоците и да ги разбиеме процесите на податоците кои се јавуваат помеѓу одделите. Важно е компаниите да сфатат дека вештачката интелегенција е многу повеќе од модел или алгоритам; станува збор за интеграција на податоците, квалитетот на податоците, управувањето со податоците и аналитиката. На компаниите им треба цврста стратегија за да ги одржат сите податоци заедно.
Во врска со иднината: Се смета дека влијанието на вештачката интелегенција е еквиваленто со случувањата за време на индустриската револуција. Тенденциозно се согласувам со оваа аналогија. Исто како и во индустриската револуција, вештачката интелегенција ќе ни овозможи да произведуваме сосема нови производи. Начинот на производство на тие производи исто така ќе биде радикално различен од порано. И вештачката интелегенција дури ќе нè натера да размислуваме за улогата на луѓето во деловниот процес.
Кој е Вашиот совет за македонските ИТ компании со цел зголемување на нивната конкурентност на глобалниот пазар?
Мој совет е едноставен: примена на иновации на секое ниво. Да се биде меѓу првите што ги спроведуваат новите технологии, како вештачка интелегенција, може да претставува конкурентска предност и начин да се зграби уделот на пазарот. Исто така, континуирано иновирање во областа на маркетингот, преку пронаѓање на нови начини за дигитално поврзување со потенцијалните клиенти.