- Advertisement -
Општинските власти на Ставангер, град во Норвешка, освен забрана за користење мобилни телефони во училиштата, планираат на учениците да им забранат и индивидуален пристап до компјутери.
Најголем дел од градските советници ја поддржале оваа идеја и напоменуваат дека на овој начин мора на децата да им се обезбеди детоксификација од виртуелниот свет.
- Advertisement -
Планирано е учениците од прво до четврто одделение повеќе да немаат пристап до персонални компјутери, а наместо тоа ќе бидат поставени заеднички „детокс“ компјутери во училниците, кои ќе може да се користат со дозвола од учителите. Крајната цел е овие мерки да бидат воведени за учениците од сите одделенија од прво до десетто.
- Advertisement -