Instagram овозможи објавување видеа до 60 минути

- Advertisement -

Instagram го исполни ветувањето и на своите корисници им овозможи да објавуваат видеа со должина до 60 минути. Станува збор за новата апликација IGTV, која на корисниците им нуди снимање на подолги видеа во однос на досегашното ограничување, односно максимални 60 секунди.

Уште не е познато дали во подолгите видеа ќе се појавуваат реклами или на корисниците ќе им се плаќа за содржините како што е случај на други платформи од типот на YouTube, пишува Klix.ba.

- Advertisement -

IGTV ќе прикажува снимки во форма на портрети затоа што од Instagram тврдат дека тоа е природниот начин на кој луѓето ги користат своие телефони. Според некои експерти, IGTV може да го направи Instagram подоминантен играч во индустријата на социјалните мрежи.

„Допрва треба да видиме каква моќ има Instagram. Сигурни сме дека мнофу се разговара во другите компании за тоа какква закана претставува IGTV, а има и причина за тоа” велат од Instagram.

- Advertisement -

Најдолгото видео кое досега можеше да се објави изнесуваше 60 секунди и се однесуваше на feed-от, односно главниот дел од Instagram кој се гледа кога ќе се отвори апликацијата. IGTV постепено ќе пристигне на iOS и Android уредите на корисниците од целиот свет.

Сподели!
- Advertisement -