Diesel направи маички со кратки ракави кои чинат 5 милиони долари

- Advertisement -

Инвеститорите во луксузни станови во Америка осмислуваат различни тактики за продажба на становите за да ја победат конкуренцијата. Така, некои од нив нудеа приватен концерт на Алиша Кис или на пример, вечера со Андреа Бочели.

Модната компанија Diesel ја направи svojata маркетинг кампањата за промовирање на нивниот прв станбен комплекс во Мајами целосно во свој стил. Имено, тие пуштија во продажба 143 маички кои чинат од 370.000 до 5,5 милиони долари.

- Advertisement -

Тоа се најскапите маички во светот, а направени се од обичен памук и не се посипани со злато или со дијаманти. Всушност, на секоја маичка се испечатени основните станови во зградата Diesel Wynwood, која ќе се гради во Мајами. Ако купите таква маичка, сте купиле и стан во зградата.

На пример, ако платите 1 милион долари за D6-L7 маичка, ќе добиете стан од 190 квадрати. Ако сакате да уживате во најголемиот стан во зградата, подгответе 5,5 милиони долари за маичката F2-L7 и ваш е станот од 237 квадратни метри.

Сподели!
- Advertisement -