Илон Маск доби нов кревет за да не мора да спие на под во канцеларија

- Advertisement -

Откако минатиот месец основачот на Teslа, Илон Маск, во разговор за CBS изјави дека во својата канцеларија има толку многу стар кревет што мора да спие на под, на мултимилијардерот деновиве, благодарение на донации од неговите фанови, му пристигна нов кревет, пишува Zimo.

Откако го видел прилогот на CBS, основачот на YouTube каналот Teslanomics, Бен Салинс, стартуваше кампања за групно финансирање. Многу набрзо беа собрани 8.000 долари, што е многу повеќе отколку што треба за нов кревет. Креветот веќе е испорачан во фабриката на Teslа во Фримонт, објави Салинс, каде што Маск поминува многу време и очигледно, многу често преноќува. Вишокот пари ќе бидат уплатени за добротворни цели.

- Advertisement -

Маск засега нема никаков коментар на ова. Интересно е дека во акцијата се вклучи и една хрватска компанија за производство на мебел, која одлучи на Маск да му испрати софа. Хрватскиот кревет исто така патува за Америка, но Салинс беше побрз.

Сподели!
- Advertisement -