Погледнете како ќе изгледаат гаражите за камионетот Cybertruck на Илон Маск

- Advertisement -

Откако Илон Маск го претстави неговиот многу моќен камионет Cybertruck изгледа се отвори нова пазарна ниша. Дизајнерската агенција Lars Büro кога дознала дека каминетот е преголем за стандардна гаража, одлучила да дизајнира посебна гаража за него и својот дизајн го нарекоа Cybunker.

Cybunker е замислен како животен простор со гаража осмислена за Cybertruck. Има површина од 56 квадратни метри во кои собира опрема и возилото кое не може да се паркира во гаража со стандардна големина.

- Advertisement -

Cybunker има две врати кои се отвораат и посебна комора за да се обезбеди сигурен премин од екстериерот во енетериерот, особено ако гаражата се наоѓа во исклучително ладни региони од светот како поларниот појас, каде што надворешните услови се крајно екстремни во однос на ентериерот.

Со обликот Cybunker ја следи формата на Cybertruck со металната структура, а аеродинамичниот облик овозможува да ги издржи и најтешките климатски услови, додека врвната циркуларна инфраструктура создава микромрежа способна за самоодржливост дури и во најизолираните делови од светот благодарение на соларните панели.

- Advertisement -

Повеќе детали за Cybunker може да најдете на овој линк.

Сподели!
- Advertisement -