Русија ќе испрати роботи на Месечината кои ќе ја штитат Земјата од астероиди

- Advertisement -

Освојувањето на Месечината се наоѓа на листата на руската вселенска агенција и тоа во не толку далечна иднина. Roscosmos моментално развива сеопфатен план кој руската влада сака да го види пред да издвои пари од касата. Дел од постојаната руска постава на Месечината би вклучувал и опсерваторија која би служела како дел од глобален систем за следење на астероиди и комети кои и се закануваат на Земјата.

Локацијата на базата е на јужниот пол на Месечината, каде што има погоден релјеф и услови, доволно светлина за соларните панели, кратери кои создаваат вечна сенка и резерви на лед за гориво и суровини, велат од Roscosmos. Додаваат и дека Русија не би требало да очекува комерцијален поврат на парите инвестирани во проектот, но нагласуваат дека оваа база би била од голема научна важност не само поради истражувањето на Месечината, туку и на длабоката вселена.

- Advertisement -

Дел од таа база би бил опсерваторија заедно со вселенско летало поставено на линијата Земја-Сонце и тоа на човештвото треба да му служи како систем за рано предупредување за астероиди кои поминуваат покрај Земјата. Исто така, и не помалку битно, таа база би била и сигурно место за тестирање на технологии за истражување на вселената, како мали нуклеарни реактори кои Русија ги произведува со забрзано темпо или за роботика. Всушност, роботите би биле постојани членови на екипажот на базата, додека човечкиот екипаж би поминувал или би престојувал привремено за да изврши задачи кои не можат да ги направат роботите сами.

Сподели!
- Advertisement -