Милијардери на годината – кој заработил најмногу во 2019 година?

- Advertisement -

Најмногу пари од сите луѓе на светот годинава заработи Французинот Бернар Арно, кој е сопственик на компанијата LVMH – 35,5 милијарди долари. Под капата на оваа компанија се познатите брендови Louis Vuitton, Dior, Moet & Chandon и др. LVMH минатиот месец склучи договор за купување на американскиот гигант за луксузен накит Tiffany за повеќе од 16 милијарди долари. Вкупното богатство на Арно сега изнесува 104 милијарди долари и тој е третиот најбогат човек во светот.

Две жени годинава стекнаа повеќе пари од Арно, но не може баш да се рече дека ги заработиле тие пари. Мекензи Безос стекна 35,9 милијарди долари благодарение на разводот од основачот на Amazon, Џеф Безос. Нивната разделба стана позната како најскап развод во светот со оглед на парире кои Џеф мораше да ги ги даде на бившата сопруга. Мекензи Безос сега стана 26. најбогата личност во светот.

- Advertisement -

Но, ни таа не е личноста која дошла до најмногу пари оваа 2019 година. Тоа е Јулија Флешер, вдовица на Дејвид Кох, поранешен косопственик на компанијата Koch Industries, која е втора најголема приватна компанија во САД според приходите. Флешер Кох богатството од 62 милијарди долари го наследи од покојниот сопруг и со тоа стана 10. најбогата личност во светот и воедно најбогата жена во светот.

Основачот на Facebook, Марк Цуберберг, годинава го зголеми своето богатство за 26,7 милијарди долари на 78,7 милијарди и тој сега е петтата најбогата личност во светот. Бил Гејтс додаде 22,4 милијарди долари на своето богатство и сега има вкупно 113 милијарди долари и е најбогатиот човек во светот.

- Advertisement -

На второ место падна Џеф Безос, кој сега има 111 милијарди долари, односно 13,6 милијарди долари помалку отколку лани и тој е еден од ретките супербогаташи чие богатство се намалило годинава.

Сопственикот на Zarа, Амансио Ортега, во 2019 година стана побогат за 15,7 милијарди долари, па сега е на 6. место во светот со богатство од 74,3 милијарди долари.

- Advertisement -

Ворен Бафет годинава додаде околу 5 милијарди долари на своето богатство, кое сега изнесува 89 милијарди долари и тој е четвртиот најбогат човек во светот. Најбогатиот човек во Азија и 11. најбогат во светот, индискиот бизнисмен Мукеш Амбани, кој годинава заработил дополнителни 17,6 милијарди долари, сега има вкупно 62 милијарди.

Американскиот бизнисмен и сопственик на НБА тимот Лос Анџелес Клиперс, Стив Балмер, во 2019 година заработил 19,4 милијарди долари и дошол до богатство од 58 милијарди. Тројцата сопственици на Walmart, најголемиот малопродажен синџир во светот, кои се познати како најбогатото семејство во светот – Роб, Џим и Алис Волтон – годинава заработиле секој по повеќе од 10 милијарди долари. Сега тројцата заедно имаат повеќе од 162 милијарди долари.

Основачот на Alibabа, Џек Ма, годинава на својата сметка додал 11 милијарди долари. Жаклин Марс и нејзиниот брат Џон Марс, кои се сопственици на познатото чоколадно царство, годинава своето богатство го зголемиле секој за по повеќе од 10 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -