До крајот на 2019 година на Земјата ќе живеат 7,75 милијарди луѓе

- Advertisement -

До крајот на годината на Земјата ќе живеат околу 7,75 милијарди луѓе, проценува германската Фондација за светска популација ((DSW). Тоа е околу 83 милиони луѓе повеќе отколку при претходната проценка годинава. Порастот на бројот на жители е еднаков на популацијата на цела Германија.

Бројот на жители на Земјата расте во просек за 2,6 луѓе секоја секунда, односно бројот на родени минус бројот на починати. Во светот во 2023 година би требало да има 8 милијарди луѓе.

- Advertisement -

Целта на фондацијата со овие пресметки е да придонесе за одржлив развој на човечката популација. Исто така, даваат поддршка на младите во Источна Африка во однос на сексуалноста и контрацепцијата. Жените во Африка имаат во просек 4,4 деца, што е две деца повеќе од глобалниот просек.

Според моменталните прогнози на Обединетите нации, населението во Африка ќе се зголеми речиси двојно – од сегашните 1,3 милијарди на 2,5 милијарди луѓе – до 2050 година.

Сподели!
- Advertisement -