Huawei отвори нов истражувачко-развоен 5G центар во Лондон

- Advertisement -

Huawei, компанијата која ја предводи 5G револуцијата, отвори нов истражувачки-развоен центар за 5G технологија. Тоа е првиот таков центар за развој на иновациски технологии на Huawei во Велика Британија и 16. по ред на глобално ниво.

Центарот во Лондон ќе биде отворен за споделување на најновите знаења и технолигии меѓу самите компании, академскиот и бизнис секторот или заинтересираните индивидуални инвеститори. Сите заинтересирани можат во центарот да тестираат апликации развиени за користење 5G технологија, решенија базирани на виртуелна и проширена реалност, како и бројни други занимливости.

- Advertisement -

„Со отворањето на 5G центарот во Лондон уште еднаш ја потврдивме лидерската улога во оваа индустрија. Центарот ќе овозможи и ќе поттикне зајакнување на соработката меѓу компаниите и институциите, како и побрзо усвојување на нови технологии“ велат од Huawei.

Компанијата најави и дека идната година ќе инвестира 15-20 милијарди долари во истражување и развој на новите 5G технологии, од што 20-30% ќе посвети исклучиво на научни истражувања и дополнителна едукација на 80.000 вработените во истражувачкиот центар.

- Advertisement -

На глобално ниво Huawei досега потпиша 60 комерцијални 5G договори во повеќе држави во светот, меѓу кои и 21 европска држава.

Сподели!
- Advertisement -