Три позитивни работи кои ги прават видеоигрите за децата

- Advertisement -

Според некои од извршните директори од индустријата за видеоигри, видеоигрите прават три позитивни работи за децата. Најпрвин, видеоигрите ги подготуваат децата за иднината. Според статистиките, девојчињата кои денес играат видеоигри имаат трипати поголеми шанси да се запишат да студираат некоја од STEM областите.

Децата коишто играат видеоигри сакаат да ја научат науката која стои зад игрите, а тоа е иднината на работата. Игрите се повеќе се користат во едукативни цели. На пример, играта Minecraft има посебна едукативна верзија која им помага на наставниците да ги научат децата за компјутерските науки. Некои други игри, пак, им помагаат на децата да ја разберат историјата.

- Advertisement -

Друга работа кај видеоигрите е тоа што се на исто рамниште со вас. Тоа значи дека ако играте некоја игра, вие сте на тоа ниво за коешто сте спремни и напредувате на други нивоа како што се развивате. Тоа значи дека едукацијата која ја врши играта е прилагодена на вашите потреби и способности.

Во 2019 година Светската здравствена организација одговори на загриженоста за потенцијалните опасности на видеоигрите и ја класифицираше зависноста од видеоигри како вистинска болест. Таа болест ја имаат луѓето кои не можат да го контролираат времето кое го поминуваат играјќи игри и на кои видеоигрите им се побитни отколку други области од животот.

- Advertisement -

Индустријата за видеоигри, пак, вели дека работат на алатки кои ќе помогнат да се ограничи времето кое децата го поминуваат играјќи видеоигри и да се информираат родителите за содржините соодветни на возраста на децата.

Втората работа што ја прават видеоигрите е да ги развија вештините на децата. Многумина мислат дека децата залудно го трошат времето кога играат видеоигри, но децата, всушност, развиваат многу вештини кога играат. Најпрвин, тие го разбираат значењето на играта, на играњето со други и социјализацијата. Понатаму, се развиваат меките вештини како истрајност и емпатија. Тоа не може да го направи нидена друга форма на забава.

- Advertisement -

Научниците докажаа дека видеоигрите им помагаат на децата да ги развијат вештините потребни за решавање проблеми, како и навигацијата во просторот, разумното размислување итн. Повеќе од 70% од гејмерите играат игри со своите пријатели, па тоа значи дека тие се дел од една заедница. Таа заедница е дигиталното игралиште на денешницата. На тој начин децата ги разбираат животите на другите затоа што играат посебни карактери и развиваат емпатија за другите луѓе.

Третата работа што ја прават видеоигрите за децата е што ги инспирираат да го променат светот. Се повеќе игри имаат некоја социјална цел во позадина. Видеоигрите можат да го сменат начинот на кој ја гледаме иднината. Најпрвин, тука е аспектот на одржливоста. Се повеќе видеоигрите се користат како средство за да се информираат луѓето за климатските промени. Исто така, се користат за да се научат луѓето како да решаваат конфликти. Видеоигрите ги инспирираат луѓето да изучуваат науки и и самите да бидат креатори. Видеоигрите се користат и во здравството за луѓето да се научат, на пример, како изгледаат третманите на канцер. На пример, играта наречена I Hope ја визуелизира борбата на здравите човечки клетки со канцерогените.

Сподели!
- Advertisement -