Скопскиот аеродром се воведени е-порти за предпристапна контрола. Оваа новина беше објавена на фејсбук профилот на скопскиот аеродром, а во интервју за Скопје Инфо ја истакна и првиот човек на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој. Согласно ЕУ регулативата тие се функционални само за државјаните на ЕУ или пак тие кои не патуваат во некоја од земјите членки на ЕУ.
„Од неодамна, инсталиравме е-порти, кои се наоѓаат во зоната на претходна контрола на бординг. Ова значи дека патниците со рачен багаж, кои направиле онлајн регистрација пред да дојдат на аеродромот, ќе можат директно да одат на пасошка контрола, откако претходно самите ќе направат скенирање на авионските карти. Сепак, заради регулативите на ЕУ, државјани на земји кои не се членки на ЕУ, а кои патуваат во некои земји од ЕУ, треба да се појават на шалтерите за регистрација„, истакна тој во интервјуото.
Освен е-портите во 2019 година со поддршка на Град Скопје беше воведа Wi-Fi услугата на скопскиот аеродром. За следната година најавено е отворање просторијата за пушење, која ќе се воведе во делот на Заминувања, по Пасошката контрола, во близина на Излезите.