Spotify забранува политичко рекламирање во 2020 година

- Advertisement -

Дигиталниот музички сервис Spotify во петокот објави дека ќе го прекине политичкото рекламирање на почетокот на 2020 година.

Најпопуларниот платен стриминг сервис Spotify, кој во октомври имаше речиси 141 милиони корисници, соопшто дека суспензијата ќе важи и за ексклузивните подкасти на Spotify.

- Advertisement -

Spotify ја донесе оваа одлука во пресрет на кампањата за претседателски избори во САД во 2020 година.

Онлајн платформите, вклучително и Фејсбук и Гугл, се соочуваат со зголемен притисок да го контролираат ширењето на дезинформациите на нивните платформи и да престанат со политички реклами кои содржат лажни или погрешни наводи.

- Advertisement -

Твитер го забрани политичкото рекламирање во октомври минатата година, а Гугл соопшти дека ќе им забрани на огласувачите да ги таргетираат потрошувачите со користење на податоци, како што се евиденција на гласачите и политичка припадност.

Одлуката на Spotify вклучува политички групи, кандидати за политички функции, избрани и именувани функционери, политички партии, кампањи, како и содржини кои заговараат или говорат против тие субјекти.

- Advertisement -

Spotify исто така ќе ги оневозможи рекламите што се залагаат за законодавни промени. Одлуката не се однесува на реклами на трети страни на Spotify.

(Извор- www.marketing365.mk)

Сподели!
- Advertisement -