Ирците и Шпанците најмногу одат во ресторани во ЕУ, најмалку Романците и Полјаците

- Advertisement -

Домаќинствата во Европска Унија трошат повеќе од 600 милијарди евра на угостителските услуги во рестораните, кафулињата, кантините што е околу 3,8 отсто од бруто домашниот производ на ЕУ.

Трошоците за угостителските услуги претставуваат седум отсто од расходите на домаќинствата во 2018 година, објави Евростат. Најголем удел во расходот за угостителските услуги забележен е во Ирска (14,4 отсто), а потоа следат Шпанија, Малта и Грција, исто така со двоцифрен удел.

- Advertisement -

Од друга страна, издвојувањата за угостителски услуги биле најниски во Романија со 1,9 отсто од вкупна потрошувачка во домаќинството, Полска со три отсто и Литванија 3,4 отсто.

Помеѓу 2008 и 2018 година уделот за трошење на услугите во вкупната потрошувачка на домаќинствата се зголемил во повеќе земји членки, а најмногу во Малта од 4,4 проценти, на 12,6 отсто. Потоа следи Ирска со раст од 2,9 процентни поени и Унгарија со 2,5 отсто.

- Advertisement -

Истовремено уделот за трошоци за угостителски услуги во вкупната потрошувачка во домаќинствата во истиот период падна во четири земји членки, во Романија за еден процентен поен, а во Шпанија, Словачка и Британија за нешто помалку од тоа. Податоците на Евростат покажуваат дека во Луксембург потрошувачката стагнира.

Сподели!
- Advertisement -