Ова е најскапото вино во светот – едно шише чини 35.000 евра

- Advertisement -

Најскапото вино во светот во 2019 година не беше ни италијанско, ни француско, туку вино од Унгарија. Унгарската луксузна колекција Royal Tokaji „Essencia“ е составена од дваесет шишиња по литар и половина, а едно шише вино од колекцијата чини 35.000 евра.

Ова слатко вино се произведува на североисточниот дел од Унгарија, а е направено од грозје од бербата во 2008 година. Шишињата за виното ги дизајнирал уметникот Џејмс Каркас, а секое од 20-те шишиња има тапа правена токму за него во Португалија.

- Advertisement -

Рокот на траење на виното е до 2300 година, а досега се продадени 11 шишиња од колекцијата. Цената е толку висока поради неколку причини, меѓу кои и неповторливиот вкус на виното. За ова вино производителите велат дека не би можеле повторно да произведат таква уникатна арома.

Сподели!
- Advertisement -