Во заботата Кина официјално го пушти во употреба џиновскиот радиотелескоп кој треба да лови вонземски живот, а кој го тестираа последните четири години. Five-hundred-meter Aperture Spherical radio Telescope (FAST), како што е официјалното име на телескопот, постави нов светски рекорд како најголемиот телескоп во светот со само една чинија и дијаметар од половина километар.
Сега кога телескопот е целосно во функција и отворен за истражувачи и научници од целиот свет, астрономите ќе можат да ѕирнат во многу повеќе делови од универзумот отколку претходно и потенцијално да откријат знаци на вонземски живот. .
FAST е околу 2,5 пати помоќен отколку кој било друг радиотелескоп во светот и се очекува да има четири пати поголем досег отколку телескопот кој е втор по големина. Тоа значи дека научниците ќе можат да откријат нови небесни тела во претходно за нас недостапни делови од универзумот.