Бонтон за социјални мрежи – како правилно да комуницирате?

- Advertisement -

Викторија Турк е авторка на книгата „Kill Reply All: A Modern Guide to Online Etiquette, from Social Media to Work to Love“. Оваа книга укажува на нормите на однесување кога е во прашање комуникацијата на социјалните мрежи. Идејата да ја напише книгата и дошла затоа што сфатила дека се повеќе луѓе забораваат на пристојното. Затоа, без оглед на тоа која мрежа ја користите, пред се мора да мислите на луѓето.

Освен тоа, внимавајте кога ја користите опцијата „одговори на сите“. Не мора сите да добијат ист одговор. МИмејлот не е брза пошта, ниту така функцоинира. Ако ви треба брз одговор, испратете порака или повикајте ја таа личност.

- Advertisement -

Секогаш почитувајте го работното време затоа што вашите колеги сигурно не ги гледаат имејловите после работното време, а и зошто би ги гледале? Немојте да ги форсирате затоа што веројатно вие не го правите тоа во слободно време. Дури и ако е многу итно, почитувајте ги и имајте разбирање.

„Ако се сетите на нешто битно доцна навечер, напишете имејл и закажете да се испрати наутро“ советува Турк.

- Advertisement -

Емотиконите можемда бидат корисни затоа што можат да го одредат тонот со кој го кажувате напишаното. Лицето кое се смее вели дека не се лути или дека само се шегувате. Сепак, немојте да претерувате затоа што ќе испаднете несериозни.

„Луѓето така ќе создадат погрешна слика за вас“ вели Турк.

- Advertisement -

Никогаш не оставајте пораки по говорна пошта. Во оваа современа доба нема потреба за тоа. Освен тоа, треба да заборавите на некои ненадејни повици. Турк објаснува дека тоа е многу непристојно.

„Кога ќе примите повик кој не сте го очекувале, се вознемирувате. Наметливо е. Наместо тоа, испратете пријателска порака и прашајте дали можете да се јавите за да не пречите“ додава Турк.

На крајот заклучува дека многу е непристојно да игнорирате нечии пораки. Ако немате време, оставете барем емотикон и пишете дека ќе се јавите подоцна.

Сподели!
- Advertisement -