Група меѓународни истражувачи од Харвард откри дека пет здрави животни навики може да обезбедат поквалитетен и подолг живот за најмалку 14 години кај жените и за околу 12 години кај мажите.
Тие здрави навики вклучуваат растителна исхрана и исхрана со мал процент масти, умерено вежбање од неколку часа неделно и одржувањето на здрава телесна тежина, избегнувањето на пушењето и консумирањето не повеќе од еден алкохолен пијалак дневно за жените, односно два за мажите.
За да ги следат овие податоци истражувачите анализирале 111.000 жени и мажи во Америка на возраст од 30 до 75 години. Испитаниците одговарале на прашања за нивните животни навики и здравјето секои две години од 2014 година наваму. Врз база на нивните одговори животниот стил на секој испитаник е оценет со оценка од 0 дo 5.
Истражувањето беше објавено минатата недела. Во него истражувачите наведуваат дека здравиот начин на живот може да придонесе за подолг живот без вообичаените хронични болести како срцевите заболувања, дијабетесот и карциномите.
Жените кои во текот на животот почитувале 4 од 5 здрави животни навики живееле во просек 34 години подолго без хронични заболувања после 50-тата година од животот. Од друга страна, мажите кои исто така се придржувале до четири здрави навики живееле просечно 31 година подолго без хронични заболувања отколку тие кои биле склони кон нездрав начин на живот.