Дигиталните магазини повеќе нема да бидат достапни на Google News

- Advertisement -

Известувањето стигна по е-маил до сите претплатници на било кој од магазините чија дигитална варијанта била достапна на сервисот на Google. Претплатниците кои се претплатиле на магазините во 2020, ќе добијат поврат на парите, пренесува Marketing 365.

Магазините веќе нема да бидат достапни на сервисите на Google, но да не заборавиме дека повеќето имаат свои веб страници каде што може да се прочита нивната содржина, па дури и апликации со таа намена.

- Advertisement -

Тоа е најверојатно причината поради која сервисот се затвори. Google ја лансираше како самостојна апликација Google Play Magazines во 2012 која потоа се пренамени во Google Play Newsstand во 2013 година. Меѓутоа апликацијата беше деактивирана во 2018 и сите магазини беа достапни на Google News.

Сепак, нема причина за грижи доколку сте се претплатиле на некој магазин преку Google во последниве осум години. Целата содржина на магазините на кои сте се претплатиле ќе биде достапна на Google доколку сакате да пролистате низ стари изданија.

- Advertisement -

Сите оние кои сѐ уште сакаат да читаат магазини на интернет без да ги посетуваат нивните веб-сајтови, тоа можат да го направат преку Apple News+.

Сподели!
- Advertisement -