Научници од Кембриџ направија вештачки лист кој ги претвора сончевата светлина и водата во синтетичко гориво

- Advertisement -

Листот кај растенијата е неверојатна мала машина која ја претвора сончевата светлина и јаглерод диоксидот во енергија за растението. Вештачките верзии, пак, може да се користат како извори на обновлива енергија, па дури и за производство на гориво. Истражувачи од Универзитетот Кембриџ создадоа вештачки лист кој произведува синтетички гас без да испушта јаглерод диоксид.

Синтетичкиот гас е составен од водород и јаглерод моноксид, понекогаш со мала количина јаглерод диоксид. Додека, технички тој гас може да се согорува и да се генерира електрична енергија или да се користи за осветлување и загревање, почесто се користи како преоден чекор во производствените процеси за добивање пластика, ѓубрива и горива од типот на дизел. За жал, производството на таков гас испушта јаглерод диоксид во атмосферата.

- Advertisement -

Тимот од Кембриџ, пак, разви прототип на нов вид вештачки лист кој може да произведува синтетички гас преку фотосинтеза. Новиот уред содржи два апсорбери на светлина направени од перовскајт и кобалтен катализатор. Кога тие ќе се постават во вода, едната страна произведува кислород, додека другата го разложува јаглерод диоксидот на јаглерод моноксид и водород. Тие два гаса потоа се комбинираат за да се добие синтетички гас.

Тимот докажа дека оваа технологија може да функционира дури и при релативно слаба светлина како кога е облачно и да создава струја. Кобалтот, пак, во катализаторот е евтин и е многу поефикасен за создавање јаглерод моноксид отколку другите материјали. Засега стапката на конверзија е уште ниска – новиот дизајн произведува водород со ефикасност од 0,06%, а јаглерод моноксид со ефикасност од 0,02%. Крајната цел на тимот од Кембриџ е да се прескокне фазата од производството на синтетички гас при која се испушта јаглерод диоксид.

Сподели!
- Advertisement -