Почистиот воздух во Европа го намали бројот на смртни случаи за повеќе од 11.000

- Advertisement -

Среде моменталната пандемија секојдневно сме фокусирани на бројот на починати од вирусот. Сепак, делумното стопирање на економските активности и на сообраќајот ширум светот поради внимателност и за спречување на ширењето на вирусот резултираше со помал број предвреме починати луѓе.

Поради пониското ниво на загадување во воздухот минатиот месец, според сознанијата на научниците, умреле најмалку 11.000 луѓе помалку отколку што би умреле во вообичаени околности. Тој број може да е максимум 21.000 умрени помалку од вообичаено, покажуваат прогнозите на научниците.

- Advertisement -

Во текот на изминатите 30 дена концентрацијата на азотен диоксид во атмосферата паднала за 40%, а ситните загадувачки честички PM 10, PM 2,5 се намалиле за 10%. Ова е последица на намалувањето на согорувањето јаглен за 37% и падот на употребата на нафтата за една третина.

Истражувачите исто така квантифицирале и други бенефити по здравјето на луѓето како резултат на намалената потрошувачка на фосилни горива. Поради отстуството од работа ќе се забележи намалување на бројот на деца заболени од астма за околу 6.000, како и помал број посети на итните служби поради астматични напади за околу 1.900. Предвремено ќе бидат родени 600 бебиња помалку отколку во ситуација со поголемо загадување. Експертите сево ова го поврзуваат со хроничната изложеност на воздух со лош квалитет.

- Advertisement -

Резултатите покажале дека најмногу предвремени смртни случаи се спречени во Германија (2.083), Обединетото Кралство (1.752), Италија (1.490), Франција (1.230) и во Шпанија (1.083).

Сподели!
- Advertisement -